Вести Економија Свет Топ вести

Одложен состанокот за камионџиите во Брисел

Состанокот за Kамионџиите, кој требаше да се одржи во Брисел е одложен, оставајќи ги меѓународните превозници во неизвесност.

Последиците од примената на Шенгенските правила веќе се видливи на терен, а возачите кои го надминуваат дозволениот престој се третираат како нелегални мигранти.

Европската комисија призна дека сегашните правила за престој од максимум 90 дена во период од 180 дена не одговараат на реалните услови за професионалните возачи.

Се најавува воведување посебен режим на продолжен краток престој, кој би им овозможил на камионџиите да останат во Шенген-зоната под контрола и со јасни правила, но засега решение нема.

Превозниците предупредуваат дека овој состанок е клучен, бидејќи од 1 април почнува рокот кога земјите од ЕУ би можеле строго да го применат правилото за максимален 90-дневен престој. Во пракса, тоа значи дека бројот на можни тури ќе се намали, што сериозно ја загрозува одржливоста на бизнисот и работата на возачите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипската болница привремено нема да прима пациенти со скршеници – невремето оштети дел од покривот на Ортопедија и операционалата сала

Sasko Dimovski

Граѓаните по одговори: Зошто летаа толку лимови од покриви во невремето – за среќа избегната е трагедија

Sonja Petrusevska

Двајца хоспитализирани, еден опериран – над 30 повредени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе