Вести Свет

Хили: Распоредување на британски војници во Украина би значело крај на војната

Министерот за одбрана на Велика Британија, Џон Хили изјави дека е за распоредување на британски војници во Украина, оценувајќи оти таквиот потег „би означил крај на руската војна“, која оваа недела ја одбележува својата четврта годишнина, пренесува Анадолија.

„Нема поголем товар за ниту еден министер за одбрана или за која било влада од ангажирањето на нашите вооружени сили во операции. Сакам да бидам министерот за одбрана кој ќе распореди британски војници во Украина – бидејќи тоа ќе значи дека оваа војна конечно ќе заврши. Тоа ќе значи дека преговаравме за мир во Украина. А на безбедна Европа ѝ е потребна силна, суверена Украина“, вели Хили во колумна за „Сандеј Телеграф“.

Европските лидери, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција, Германија и осум други земји, разговараат за формирање „коалиција на волните“ со поддршка на САД.

Според Хили, групата би можела „да помогне во обновата на украинските сили, обезбедувањето на украинскиот воздушен простор и зајакнувањето на поморската безбедност, вклучително и преку дејствување во Украина“.

Британската влада работи со сојузниците за воспоставување на оваа коалиција, за која се надева дека ќе ја одврати идната „руска агресија“ откако ќе се постигне договор меѓу Москва и Киев.

Во декември, европските лидери најавија дека Европа е подготвена да предводи „мултинационални сили“ во Украина како дел од мировниот договор подготвен од САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе