Советот на јавни обвинители денеска треба да ја одржи 36. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото е и донесување на одлука за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.
Во трка за нов шеф на скопското ОЈО се петмина кандидати, меѓу кои и досегашниот прв човек на ова обвинителство Гаврил Бубевски, поранешен обвинител во СЈО.
Освен Бубевски, кандидати на шеф на ОЈО Скопје се и Тања Трајчевска, Анел Фидоски, Дејан Петрески (го водеше случајот за киднапирањето на Самоил Костадиновски) и Спасенка Андонова (обвинителка во предметот со над 200 фалсификувани пасоши со украдени податоци на македонски државјани).
Обвинителски избори на повидок – следната недела избор на шеф на Скопското обвинителство
