Вести Свет Топ вести

„Бев лут, не размислував“ – 11-годишно дете во САД го убил татко му, бидејќи му го одзел нинтендото

Единаесетгодишно дете од Пенсилванија е обвинето за убиство на неговиот татко, откако, според наводите, пукал во него бидејќи му ја одзел конзолата на играње Нинтендо Свич (Nintendo Switch), пишува „Гардијан“.

Полицијата била повикана во семејната куќа во Данканон Бороу околу 03:20 часот наутро, каде бил пронајден 42-годишниот Даглас Диц мртов во кревет, со прострелна рана во главата.

По истрагата на властите, како осомнилен е идентификуван 11-годишниот син на жртвата. Според полицискиот извештај, детето, на кое дента му било роденден, влегол во една од соба викајќи „Тато е мртов“. Полицајците исто така слушнале како ѝ рекол на мајка му „го убив тато“.

Детето им раскажало на полицајците дека минал убав ден со родителите, но се „налутил“ кога татко му му рекол дека е време за спиење.

Според судските документи, детето им објаснило на полицајците дека клучот од сефот со оружје го пронашол во фиоката на татко му во спалната соба. Го отклучил, барајќи го својот Нинтендо Свич, кој претходно му бил одземен, и внатре пронашол пиштол.

Синот притоа призна дека „го извадил пиштолот од сефот, ставил куршуми во негои се доближил до страната на креветот на кој лежел татко му“, стои во изјавата на полицијата.

Запрашан што мислел дека ќе се случи, детето одговорило дека било „нервозно“ и дека „не размислувало за тоа“. Судското рочиште е закажано за 22 јануари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Високи затворски казни за тројца членови на криминалната група Беланоца

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе