Вести Свет Топ вести

Шмихал: Имаме гориво за повеќе од 20 дена, нема електрана во Украина што не ја нападнаа Русите

Украина има резерви на гориво за повеќе од 20 дена, изјави министерот за енергетика Денис Шмигал пред Врховната рада, опишувајќи ја целокупната состојба на енергетскиот систем на земјата како „многу тешка“ по серијата руски ракетни и напади со беспилотни летала врз критичната инфраструктура, јавија британските медиуми.

Шмихал, кој завчера ја презеде функцијата, рече дека ситуацијата е најлоша во Киев, во регионите Дњепропетровск, Харков и Одеса, како и во населбите во близина на линијата на фронтот. Во овие региони илјадници домаќинства со денови се без електрична енергија и греење на температури под нулата.

„Во некои градови и региони, подготовките за зимата не успеаја. Во двата дена откако ја презедов функцијата, гледам дека многу процеси очигледно се во застој“, рече министерот.

Според министерот, нема ниту една електрана во Украина што не е нападната.

Претседателот Володимир Зеленски во средата објави дека ќе воведе вонредна состојба во енергетскиот сектор, со цел да се надомести изгубеното време и да се контролираат прекините во снабдувањето со електрична енергија поради континуираните руски напади.

Шмихал нареди итен увоз на електрична енергија, прецизирајќи дека за да ја покрие својата потрошувачка, Украина мора да инсталира помеѓу 2,2 и 2,7 гигавати (GW) нов производствен капацитет до крајот на 2026 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Високи затворски казни за тројца членови на криминалната група Беланоца

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе