Вести Свет Топ вести

Мачадо му го даде својот Нобелов медал на Трамп

Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо му го даде својот Нобелов медал на Доналд Трамп на нивната средба во Белата куќа, велејќи дека тоа е признание за неговата посветеност кон слободата на Венецуела.

Мислам дека ова е историски ден за Венецуелците, кажа Мачадо, која се сретна со Трамп помалку од две недели откако американските сили го заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Трамп на социјалните мрежи напиша дека тоа е прекрасен гест на заемна почит и ја нарече Мачадо чудесна жена.

Инаку Трамп веќе почна да соработува со Делси Родригес, која положи заклетва за нова претседателка на Венецуела и притоа не се откажа од Мадуро.

-Можеме да сметаме на претседателот Трамп. Му го врачив медалот за Нобелова награда за мир. Тоа е признание за неговата единствена посветеност кон нашата слобода, рече Мачадо.

 Мачадо која  кажа дека ќе ја дели наградата со Трамп, но од Нобеловиот комитет појаснија дека таа не може да се пренесе на друг.

Откако ќе се објави Нобеловата награда, таа не може да се отповика, сподели или пренесе на други. Одлуката е конечна и важи засекогаш, соопшти Комитетот минатата недела.

Нобеловиот центар за мир пак соопшти дека „медалот може да го промени сопственикот, но титулата на лауреат не може.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Високи затворски казни за тројца членови на криминалната група Беланоца

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе