Вести Македонија Топ вести

Зголемен број хоспитализации поради грип – двајца пациенти на респиратор

На Инфективната клиника моментно се хоспитализирани 28 заболени пациенти од грип. Кај двајца од нив клиничката состојба е потешка и тие се приклучени на респиратор. Според директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана станува збор за претежно повозрасни пациенти со хронични заболувања, кај кои грипот предизвикал компликации поради што било неопходно болничко лекување.

„Да. Апсолутно има зголемување на бројот на пациенти со грип. Бројката е во пораст и мислам дека до крајот на месецот ќе се достигне пикот и почетокот на идниот месец ќе опадне бројката“, изјави  Фадил Цана, директор на Инфективна клиника.

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираат дека во втората недела од јануари има над 2.000 пациенти заболени од грип, што претставува зголемување од 34 проценти во споредба со претходната недела. Најголем дел од заразените се на возраст од 15 до 64 години, од Скопје.

„Се забележува дека има зголемување на бројот на хоспитализирани лица и кај возрасните и кај децата. Тоа е очекувано за овој период од годината. Но, засега не се целосно исполнети капацитетите во болниците“, изјави Драган Кочински, епидемиолог во ИЈЗ.

Епидемиологот Драган Кочински препорачува учениците навремено да се вратат на настава, а оние со симптоми на грип да останат дома за да се спречи ширењето на заразата.

Вчера на Инфективната клиника почина 75-годишна жена со повеќе заболувања, која не била вакцинирана против грип. Досега против грип се вакцинирани над 79.000 граѓани. Здравствените власти апелираат до населението, особено до ризичните групи, да ја примат вакцината.

Тамара Марковска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започнува 5. издание на фестивалот „ Преку езерото“

Дејан Дејан

Приведени двајца во Кисела Вода – во нивниот дом е пронајдена дрога, вага и пари

Дејан Дејан

Имате јавен профил на Инстаграм? Внимавајте сега фотографии може да завршат во вештачка интелигенција без воопшто да знаете

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе