Руско беспилотно летало падна и експлодира на детско игралиште во близина во Лвов, Украина, во утринските часови, во близина на комунални работници кои го чистеа снегот, меѓу кои и 59-годишната Олга која продолжи со работа по експлозијата, пишува „Украинска Правда“.
Кога се огласи сирената за воздушни напади, Олга не отиде во засолниште и се најде во близина на експлозијата на Шахед и продолжи да го чисти снегот.
„Стоев со колешка. Ја чистев автобуската станица. Не знаев дека ќе долета нешто. Тогаш ни рекоа да бегаме и одеднаш ни пролета нешто над глава. Се слушна тапа, но многу силна експлозија. Мислев дека е мина, но полицаец ни рече дека е Шахед“, раскажува Олга.
Снимката која ја прикажува Олга на местото на настанот набрзо се најде на интернет, а Украинците ја пофалија нензината мирна реакција на експлозијата на дронот.
Градоначалникот на Лвов, Андриј Садовиј подоцна ја побарал Олга да ја праша како е, на што таа му одговорила дека е добра.
„Не знам дали да ве пофалам или да ве укорам. Вашата храброст денеска ја импресионира цела Украина. Сакам да ви се заблагодарам што ѝ служите на заедницата и на вашата работа. Ќе ви се заблагодарам и лично. Но, исто такам сакам да нагласам, кога е воздушна опасност, ве молам чувајте се и бидете на сигурно. Разбирам дека работата мора да се заврши, но вашата безбедност е на прво место“, ѝ рекол градоначалникот на Лвов.
Нападот мина без жртви. Полесно е повреден возач на трактор кој го расчистувал снегот во близина, но на крај мина добро.
С.Д.
