Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранскиот опозиционер Реза Пахлави „изгледа многу добро“, но оти не е сигурен дека ќе успее да обезбеди поддршка во земјата и на крајот да ја преземе власта.
„Изгледа многу добро, но не знам како би се однесувал во својата земја. И навистина не сме стигнати до таа точка. Не знам дали неговата земја би прифатила негово водство, а ако го сторат тоа, тоа би било во ред за мене“, рече Трамп во интервју за „Ројтерс“ во Овалната соба.
Тој не исклучи можност за пад на владата во Техеран поради протестите, но впрочем „секој режим може да падне“.
„Без оглед дали ќе падне или не, ќе биде интересен период“, рече претседателот на САД.
