Вести Македонија Топ вести

Почина две месечно бебе во Кавадарци – обдукцијата треба да ги открие причините за смртта

Само два месеца живот на бебето со иницијали У.М. Пред три дена, доенчето било примено на Педијатриското одделение во болницата во Кавадарци поради обилно повраќање по хранење. Родителите побарале лекарска помош со надеж дека болничката грижа ќе донесе олеснување и сигурност.

Во деновите што следуваа, според лекарските извештаи, бебето било со стабилни витални параметри, уредни лабораториски наоди и без појава на нови симптоми. Се чинело дека состојбата се подобрува и дека најлошото е надминато. Но, само два дена подоцна, надежта се претворила во кошмар.

„На 14.01.2026 година, по итен повик од мајката поради тоа што бебето престанало да дише, веднаш бил повикан дежурен педијатар, а во истиот момент и анестезиолог. Започната е реанимација со соодветна терапија која траела околу 35 минути, но за жал без успех“, вели д-р Гордана Ѓорчева Камчева, директорка на ЈЗУ ,,Општа Болница со проширена дејност’’ Кавадарци.

По констатирањето на смртта биле известени министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, извршени биле и разговори со родителите и медицинскиот персонал, а телото на бебето е предадено на обдукција која треба да ја утврди точната причина за смртта. Вонреден надзор во болницата во Кавадарци ќе извршат здравствените инспектори.

Пред неколку дена во дом во Шуто Оризари почина бебе, откако соседите пријавиле, а лекарите ја констатирале смртта. На 2 јануари, пак, животот го загуби двегодишно дете, откако било погодено од заскитан куршум. Полицијата сè уште трага по сторителот, кој е на слобода и не бил свесен дека со истрели за време на новогодишното славење извршил тешко кривично дело.

Симона Петровска

Почина бебе во болницата во Кавадарци – телото е предадено на обдукција

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со проекција на „Држи се за мене“ на Мирсини Аристиду вечерва во Дојран се отвора фестивалот „Преку езерото“

Дејан Дејан

(Фото) Неексплодирана граната тешка 45 килограми пронајдена кај Неготино

Kristina Kuzmanovski

Малолетен пешак тешко повреден во сообраќајка кај Ласкарци, пренесен на Клички

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе