Вести Свет

Арагчи негира дека Иран планира бесења на демонстрантите

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, негираше дека официјален Техеран има некакви планови за брзи судења и егзекуции на осомничените лица, приведени во протестите во државата, тврдејќи дека „нема никакви планови за бесења“.

Коментарите на Абагчи следуваат откако шефот на иранското правосудство изјави дека владата мора брзо да дејствува и да ги казни илјадниците лица кои се зад решетки.

Но, американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изјави дека му било кажано дека плановите за егзекуции во Иран се запрени, без да соопшти многу детали.

Ова се случува, еден ден откако Трамп им порача на демонстрантите во Иран дека „помошта доаѓа“ и дека неговата администрација ќе реагира соодветно на смртоносните операции на безбедносните сили на Иран против демонстрантите.

Арагчи исто така во интервјуто за Фокс Њуз се обиде да ја смири реториката, апелирајќи до САД да најдат решение преку преговори.

Во операциите на Иран против демонстрантите биле убиени најмалку 2 615 лица, потврди организацијата, новинска агенција на активисти за човекови права.

Овој смртоносен биланс го надминува кој било од претходните протести или немири во Иран, во децении и потсетува на хаосот во државата по Исламската револуција од 1979-тата година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе