Вести Свет

Ирански државни медиуми тврдат: Немаше протести во последните 24 часа, запленета опрема за сателитски интернет

Иранските државни медиуми тврдат дека немало протести во ниту еден град во земјата во последните 24 часа, јавија светските агенции, додавајќи дека иранските медиуми не изнеле докази за своите тврдења.

Информацијата доаѓа во време кога иранските власти со денови го ограничуваат пристапот до интернет, а само мал број новинари на терен можат да известуваат надвор од Иран.

Во исто време, иранските разузнавачки сили соопштија дека заплениле голема пратка комплети за сателитски интернет Старлинк во пограничните региони, наводно наменети за „шпионажа и саботажа“ во земјата.

„Би-Би-Си“ на персиски дознава дека некои Иранци ја користат сателитската интернет услуга Старлинк на Илон Маск, иако властите се обиделе да ги прекинат сигналите со „пречки“. Употребата на уредите е нелегална во Иран.

Според профилот на Телеграм на државниот медиум пратката влегла во Иран „нелегално од соседна земја“, пренесе „Би-Би-Си“.

Во извештајот се вели дека запленетата опрема вклучувала 100 приемници со долг дострел, 50 засилувачи на сигналот BTS, 743 5G модеми од различни брендови и 799 мобилни телефони од најнова генерација.

На видеото објавено со извештајот се гледаат кутии со електронска опрема, од кои некои го носат брендот Старлинк. Се чини дека ова е првата пријавена конфискација на уреди Starlink во Иран.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе