Вести Свет

Судири во Алепо по евакуацијата на цивили од курдските населби

Жестоки судири избија во северниот сириски град Алепо откако стотици цивили ги напуштија курдските населби Шеик Максуд и Ашрафије преку коридори отворени од сириската армија.

Војската им даде рок на жителите да заминат до 15 часот, по што областа беше прогласена за затворена воена зона.

Според Сириската цивилна одбрана, околу 850 луѓе биле евакуирани до пладне, по еднодневни судири и гранатирања во кои загинаа најмалку 11 лица, а десетици беа ранети. По истекот на рокот, во населбите биле слушнати експлозии.

Сириското Министерство за информации соопшти дека армијата започнува „ограничена воена операција“ како одговор на нападите од Сириските демократски сили (СДФ), додека курдските сили тврдат дека се под жесток напад и дека пружаат силен отпор.

Ова е најсмртоносната рунда судири досега меѓу двете страни во Алепо.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Реконструкцијата е вовед во предвремени избори критикува опозицијата, но за власта е нова фаза во развојот на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе