Грчката Влада објави пакет мерки за поддршка на земјоделците, вклучувајќи намалување на цената на струјата на 8,5 центи за киловатчас до 2028 година, поврат на посебниот данок на потрошувачка на нафта, 100% покриеност при елементарни непогоди и воведување баркод за потеклото на производите.
Од 27 барања на земјоделците, 16 се исполнети или третираат позитивно, четири се разгледуваат, а седум не може да се реализираат поради буџетски или европски ограничувања. Владата ги повика земјоделците да ја гледаат „чашата полуполна“.
Земјоделците треба попладнево да одржат состанок за да одлучат дали ќе продолжат со најавената 48-часовна блокада на патиштата, а Владата е подготвена да спроведе „План Б“ со казни за продолжување на протестите.
