Вести Македонија Најважни

Изгубен во пожарот: Сѐ уште нема трага од Стивен Ивановски по катастрофата во Кран-Монтана

Сѐ уште нема никаква трага од младиот македонски државјанин Стивен Ивановски. Исчезнат е за време на катстрофалниот пожар во барот во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана.

По него сега се трага во болниците во Франција и во Италија, затоа што не може да се лоцира низ болниците во Швајцарија. Ивановски последен пат бил виден на новогодишната ноќ, кога пожарот во барот однесе најмалку четириесет животи.

Младиот Македонец вечерта носел бели панталони и бел дуксер. Според неофицијалните информации до кои дојде Телма, со Стивен вечерта била и неговата сестра внатре во барот, но таа се спасила навреме. Се обидела да го бара својот брат, но не ѝ било дозволено да влезе поради пожарот.

Македонските власти понудија помош на Швајцарија и исто така се во очекување на повеќе информации за Ивановски.

„Се разбира дека како Влада и како надлежни институции, во комуникација помеѓу претседателот на Владата, министерот за надворешни работи и надворешна трговија и министерот за здравство, стапено е во контакт со претставници од државата, понудена е помош и стоиме на располагање. Очекуваме дека доколку е потребно истите ќе ја побараат од нас и ние сме подготвени да ја пружиме. Според последните информации коишто ги добив од надлежните институции, има една личност со македонско државјанство, во контакт сме со властите и со кантонската полиција и очекуваме повеќе детали во однос на тоа“, вели Марија Митева, портпаролка на Владата.

Mинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изрази сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените, соопштија од МНР.

Македонската амбасада во Швајцарија објави телефонски број на кој македонските граѓани може да се обратат во врска со трагичната несреќа што се случи во Кран-Монтана. Македонскиот амбасадор денеска отишол на лице место на трагедијата во скијачкиот центар.

Петар Догов

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССМ: Зголемувањето на старосната граница за пензионирање нe е е решение за покривање на дефицитот на Пензискиот фонд

Дејан Дејан

Крадци ноќеска испразниле банкомат во трговски центар во Скопје

Kristina Kuzmanovski

Усвоени измени на Законот за финансиски лизинг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе