Сообраќајот на магистралниот пат Струга – Граничен премин „Ќафасан“ е во целосен прекин поради превртена цистерна на коловозот, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР соопштуваат дека сите надлежни служби се излезени на терен и активно работат на обезбедување на местото на настанот, како и на утврдување на причините за сообраќајната незгода.
Се преземаат мерки за што побрзо нормализирање на сообраќајот, а јавноста ќе биде дополнително информирана веднаш по воспоставување на безбедно движење на овој патен правец.
Б.С.
