Вести Македонија Топ вести

Крај на концептот „еднаш професор – засекогаш професор“ – звањата ќе се потврдуваат со трудови

Зголемувањето на бројот на научни трудови е клучен чекор кон подобрување на квалитетот на високото образование и шанса македонските универзитети да се најдат меѓу најдобрите во светот. Образовните власти очекуваат да има повеќе работа од професорите, студентите пак бараат да престане да важи звањето – еднаш избран доживотен професор.

  • „Потребно е да се излезе од концептот според кој, доколку некој стане професор, го задржува звањето доживотно без обврска за понатамошна научна продукција. Професорите треба континуирано да објавуваат научни трудови, бидејќи тоа е од исклучително значење за универзитетите да се позиционираат на Шангајската листа и на другите меѓународни рангирања на најдобри универзитети во светот“, изјави Бленди Ходаи, форум за образовни промени.   

Од Министерството за образование и наука велат дека ваквите барања веќе се дел од нивните планови. Според нив, зголемувањето на бројот на научни трудови ќе биде услов за задржување на звањето универзитетски професор.

  • „Министерството за образование и наука смета дека треба да се изработуваат повеќе научни трудови за да се потврди звањето универзитетски професор. Со воведување реизбор, професорите ќе бидат дополнително стимулирани. Целта е Македонија да влезе на Шангајската листа, за што се потребни околу 1.200 научни трудови годишно, додека во моментов на најголемиот универзитет се објавуваат околу 300“, кажаа од Министерство за образование и наука.

Денеска на брифинг беше најавено дека од наредната година ќе се воведе нов модел на државна матура – гимназиска, стручна и уметничка, при што учениците ќе полагаат предмети што ги учеле. Министерката за образование Весна Јаневска најави и „Ѕид на срамот“ за јавно објавување на купени или препишани трудови. Исто така, најавено е зголемување на буџетот за образование и покачување на платите на наставниците од 7 до 10 проценти, како и целосна дигитализација на услугите.

Тамара Марковска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Загина градежен работник во општината Гази Баба – паднал од височина додека извршувал градежни активности

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе