Вести Македонија Најважни

УСЈЕ ќе се дислоцира одлучи Град Скопје – според експертите тоа е долг и скап процес

Откако град Скопје на седница донесе заклучоци со кои се бара контрола на работата, но и дислокација на Цементарница Усје, од Владата велат дека ќе постапат согласно ингеренциите, дислокација нема да биде проблем, но мора да се најде системско решение.

  • Што се однесува до дислокација и тоа не е никаков проблем за Владата. Така што сè тоа што е проблем за граѓаните е и проблем за Владата. Но, сакам да дојдам до суштината, а суштината е дека загадувањето е резултат на децениската негрижа на граѓаните да им се обезбедат алтернативни извори на енергија со кои во текот на грејната сезона ќе ги затоплуваат своите домови,“ истакна Христијан Мицкоски, премиер.

Иницијативата за дислокација на Усје беше предложена од „Зелен хуман град“, а разгледана на вчерашната седница во град Скопје која траеше до доцна во ноќта. Советниците едногласно ги усвоија заклучоци за проверка на работењето на Усје и другите големи индустриски загадувачи.

  • „Се задолжува градоначалникот на Град Скопје да се обрати до Владата за да го разгледа начинот за започнување постапка за дислокација на Усје и сите големи загадувачи на соодветни места надвор од Скопје. Овој заклучок да се достави до градоначалникот на Град Скопје, Владата, министерството за животна средина и општините,“ истакна Даме Димитровски, претседател на Совет на Град Скопје.
  • „Сакам да ви честитам на заклучоците и да ве информирам дека откако ќе ги добиеме материјалите како Град Скопје веднаш ќе бидат доставени до сите оние релевантни институции кои се споменати,“ рече Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје.

Сепак експертите нагласуваат дека дислокација на една цементарница од ваков габарит е долг, скап и сложен процес кој може да трае со години, дури и утре да почне постапката.

Од компанијата ТИТАН Усје велат дека нивните емисии се под законски дозволените граници додавајќи дека нивните мерења не покажуваат влијание врз зголемување на ПМ10 честичките.

  • „Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон. Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг, кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите. ТИТАН УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот, велат од УСЈЕ.

Вчера граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ одржа протест со кој се бараше дислокација на Усје, и обвинија дека со години ги труе граѓаните.

Тамара Марковска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ ѝ одобри пристап на Унгарија до блокираните 10 милијарди евра – 6,5 милијарди евра грантови и 3,5 милијарди евра заеми

Sasko Dimovski

Поранешна британска министерка пронајдена мртва – полицијата го истражува случајот како убиство

Sasko Dimovski

Недостигот од гориво ја претвори Хавана во град на трицикли со соларни панели

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе