Вести Македонија Топ вести

Над 143 милиони евра вложени во гасоводи кои не се во функција – извештај на ДЗР за Номагас

И покрај исплатата на 143 милиони евра на АД Номагас Скопје за изградба на три магистрални гасоводи, тие сè уште не се ставени во употреба, нотира Државниот завод за ревизија. Во забелешките на нивниот извештај стои дека тоа е така, пред сè, поради нерешени имотно-правни односи и пролонгирани одобрувања.

Ревизијата, исто така, откри неправилности во управувањето со имот, евиденцијата на капиталот и распределбата на надоместоци, што може негативно да влијае на ликвидноста и развојот на гасниот систем.

Дополнително, Номагас сѐ уште нема воспоставен оператор на дистрибутивниот систем, а не е усвоен ниту 10-годишен план за развој на преносната мрежа. Дел од инфраструктурните објекти сè уште немаат утврден правен статус, а залихите на материјали и резервни делови од претходни години се неупотребени и можат да бидат застарени.

Ревизијата укажува и на неправилна примена на формулата за надоместок за неутралност, орочени депозити без одлука на Одборот на директори и неповратен заем на АД Пошта на Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ненадејно почина републичкиот сенатор Линдзи Греам

Tea Dimkovska

СДСМ: Оризот скапува по амбарите поради лошите политики на Мицкоски

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири паника додека Македонија има најниска инфлација во регионот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе