Вести Македонија

Ивковски: Македонија тапка во место или назадува во младинските политики и квалитетни мерки за младите

Македонија стои во место или понекогаш оди назад по прашање за младински политики и квалитетни младински мерки, рече Филип Ивковски, младински активист, во емисијата „Директно“ на ТВ Телма.

„Тоа може да се види преку имплементација на законот за младинско учество и младински политики кој што е главен закон кој што ги утврдува начините како младите учествуваат во процесите на носење на одлуки, какви политики се креираат за нив, како тие учествуваат на локално и на национално ниво. Пет години по негово донесување, законот сè уште е зад моментот колку реално постои политичка волја за негова имплементација. Не секогаш е прашањето на недостатокот на ресурси, дали тоа се младински центри, дали се канцеларии за млади, младински службеници, туку прашањето е колку оваа држава, освен декларативно, дали тоа се закони, стратегии или политички изјави, реално ги има високорангирано младите на приоритетната листа на работи кои што треба да заслужуваат внимание“, истакна Ивковски, според кого немањето на политичка волја е топ 1 причина, а потоа и лимитираните финансиски ресурси кои ги имаат институциите.

Ивковски ја спомена и националната Стратегија за млади, петгодишен документ со кој државата се обврза да работи за прашањата за млади.

„Три години по имплементација на Статегијата, заврши првиот Акциски план што беше до 2025 година, гледаме дека се реализирани само околу 20 проценти од активностите. Таму се предвидени околу 200 активности, реализирани се само околу 20 проценти од институциите, што навистина е индикатор дека понекогаш многу повеќе се инвестира во креирање на самата политика и ресурси, човечки ресурси, отколку што на крај гледаме дека државата инвестира во таа политика“, додаде Ивковски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе