Вести Македонија Најважни

(видео)Убиена со пиштол и закопана во дупка, пронајдено тело на жена која претходно била пријавена за исчезната

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано лице закопано во дупка.

Поради сомнежи дека станува збор за жена која претходно била пријавена за исчезната, јавниот обвинител нареди обдукција, идентификација и прибирање траги од местото.

Во текот на ноќта беа преземени повеќе истражни дејствија.

За едно осомничено лице е определена мерка краткотраен притвор од 48 часа за обезбедување докази, додека за уште едно лице се вршат дополнителни проверки.

Јавниот обвинител продолжува со преземање на сите неопходни дејствија за целосно испитување на настанот и утврдување на околностите поврзани со смртта на жртвата.

СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(53) од с.Неготино, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Имено, на 09.12.2025, Ј.М.(34) од гостиварско пријави дека неговата мајка Х.А.(53) од с.Равен, гостиварско, се оддалечила од домот, а подоцна на безбедносните камери забележал дека на 07.12.2025 таа влегува во патничко возило „фиат“, по што е недостапна на телефон. Исто така, тој пријави дека на безбедносните камери забележал дека ноќта помеѓу 06.12. и 07.12.2025 С.М. влегол и пребарувал во неговата куќа и дека биле одземени пари од неговата соба. На 11.12.2025 во 02:15 часот, С.М. беше лишен од слобода поради сомнение дека ја принудил Х.А. да замине од домот со него.
По преземени мерки во врска со случајот, по извршени проверки на видео записи, констатирано е дека пријавениот дал лажен исказ во полициска станица. Воедно, од добиениот листинг на повици утврдено е дека Х.А. последен пат имала контакт со него на 07.12.2025.
Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на С.М., по што од слобода е лишена и неговата сопруга Ѓ.В.(48). Во службен разговор во полициска станица, Ѓ.В. признала дека нејзиниот сопруг С.М. со пиштол ја убил Х.А., а го посочила и местото каде е закопана. После тоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото во атар на село Неготино каде било пронајдено телото на Х.А.. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Рекордни 1,15 трилиони долари за одбрана – Трамп побара, Претставничкиот дом на САД одобри

Sasko Dimovski

Петнаесетина минути чекање на ГП „Богородица“ за излез од државата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе