Со 9 гласа „за“ и ниту еден против, надлежната комисија ја изгласа протребата за носење на долго најавуваниот закон за Судски совет, со кои наводно ќе се подобруваат состојбите и оценките во правосудството.
Потребата од нов закон произлегува од длабоки системски недостатоци , од правни празнини кои ја попречуваат практичната примена, вака ја бранеше министерот за правда Игор Филков потребата од нов закон, а поткрена од заклучоците на експертската група.
Тој изнесе измени пред пратениците со кои се засилуваат критериумите за избор на челнови на советот, но и измени со кои ќе се оценува и санкционира работата на судиите.
Б.С.
