Џелал Незири истакна дека премиерот Мицкоски придонел да се обединат малите политички партии од албанскиот блок, кои ја немале можноста да се обединат во една коалиција.
„Мислам дека самиот Мицкоски придонесе за тие мали политички партии кои фактички неможноста да се обединат во една коалиција ја држеа ДУИ несвесно на власт. Ова го знаеше Мицкоски, знаеше дека етничките Албанци кои се заситени од ДУИ ќе гласаат и послаба партија и коалиција која нема да ги претставува на начин кој ги претставуваше ДУИ. Знаеја дека ВЛЕН нема да биде таква, но сепак гласаа. Ако се земат во предвид сите политички фигури во ВЛЕН тие се еден вид на деривати од политичката школа на ДУИ иземајќи го Таравари“, изјави Незири.
Според Незири ВЛЕН била гласана од причина што етничките Албанци барале промени кои ги немало последните 22 години. Незири додаде дека Мицкоски бил свесен дека етничките Албанци се заситени од ДУИ и ќе гласаат дури и за послаба партија и коалиција, без разлика на начинот на кој ќе ги претставува.
Т.Д.
