Невзат Бејта на повторените избори за градоначалник на Гостивар, ќе го бара третиот мандат. Тој синоќа на неговиот профил на Фејсбук ја објави кандидатурата и дека ќе има поддршка од коалицијата Вреди.
– Почитувани граѓани на Гостивар, согласно резултатите од анкетите и по консултациите со лидерите на Вреди, беше одлучено кандидат на Вреди за овие избори во Гостивар да бидам јас. За официјализирање на ова иницијатива, чија единствена цел е доброто на градот и граѓаните на Гостивар, утре во 12 часот ќе ја поднесеме кандидатурата до Општинската изборна комисија, стои во објавата на Бејта.
Бејта е вториот кандидат кој влегува во трката за градоначалник на општина Гостивар, откако Ваљбон Лимани вчера ги поднесе документите до ОИК.

