Вести Македонија

Лоши финансиски резултати во локалните јавни претпријатија и раст на долговите – нотира Центарот за граѓански комуникации

Милионски минус во работењето на општинските јавни претпријатија. Наодите од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажуваат дека скопските јавни претпријатија во 2024 година завршиле со приближно 90 милиони евра краткорочни долгови, од кои повеќе од половина евра се направени од ЈП Водовод и канализација.

Вкупните долгови на локалните јавни претпријатија изнесуваат 193 милиони евра.

„Прво да кажам дека од 128 локални јавни претпријатија, само две немаат актуелни долгови. Вкупните долгови на сите се 193 милиони евра, тоа е огромен износ. Исто така, кога станува збор за загубите, има неколку аспекти. Прво што половина од јавните претпријатија имаат загуба. Понатаму, таа е високо концентрирана во десет претпријатија коишто имаат 77% од сите загуби на сите јавни претпријатија“, изјави Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации. 

Водовод ланската година ја затворил со загуба од четири милиони евра, со што се најде на самиот врв на листата на загубари меѓу локалните јавни претпријатија. ЈП Улици и патишта се втори со 2,6 милиони евра загуба, Комунална хигиена е на трето место со 1,2 милиони евра, а битолскиот Водовод е на четврто место со еден милион евра загуба.

На врвот на листата на локални јавни претпријатија со најголеми краткорочни обврски во 2024 година е ЈП Водовод и канализација со 53,3 милиони евра. Следно е Јавното сообраќајно претпријатие кое има долгови од речиси 17 милиони евра. Со долгови од по речиси десет милиони евра се кумановски Водовод и гостиварски Комуналец.

„Со оглед на тоа што долговите од година во година растат, можам да претпоставам или да заклучам дека станува збор за подолгорочни системски загуби коишто не се успева да се надоместат навремено. Ова се притоа околу 200 милиони евра коишто се краткорочните обврски, а долгорочните не влегуваат. Значи би биле уште поголеми. Меѓутоа, ќе кажам дека мислам дека се по повеќе основи и дека се натрупани со години“, додава Филков од ЦГК. 

Покрај високи загуби и долгови, од Центарот за граѓански комуникации нотираат и дека постојат слабости во начинот на именување на раководните структури во локалните јавни претпријатија.

Петар Догов

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон претнеиците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе