Еден од поранешните најблиски соработници на Али Ахмети, Невзат Бејта, кој двапати беше градоначалник на Гостивар од ДУИ, ќе се обиде по трет пат да седне во истата фотеља преку коалицијата „Вреди„. Вели дека го киандидираат за спас на градот.
- „Тие ми даваат поддршка за да го спречат уривањето на градот што трае во последните осум години. Ќе се обидам да ја поправам инфраструктурата, нема улица што не е раскопана, хигиената е катастрофална, образованието исто“, изјави Бејта.
Тој има долга политичка кариера. Беше градоначалник на Гостивар од 2005 до 2009 и од 2013 до 2017. Беше и пратеник, министер за локална самоуправа и потпретседател на ДУИ.
Тој е вториот кандидат што влегува во трката за градоначалник во овој град, откако претходно документи до Општинската изборна комисија достави и актуелниот вршител на должноста градоначалник на Гостивар, Ваљбон Лимани. На претходното гласање, тој беше кандидат на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ) и освои 61,39 отсто од гласовите, односно 16 949 гласови.Сепак, не успеа да победи во првиот круг бидејќи не беше исполнет законскиот цензус.
Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ) соопшти дека денескка официјално ја поднела кандидатурата за нејзиниот кандидат Аријан Ибраим за градоначалник на Општина Центар Жупа.
Рокот за поднесување на листи на кандидати истекува ноќеска на полноќ.
Повторените избори во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и во Центар Жупа се закажани за 11 јануари следната година.
Далиборка Демјанска
Б.С.
