Народната банка го отвори Конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2026 година, наменета за најдобри трудови од областа на макроекономијата и банкарството. Целта е да се поттикне развојот на научната мисла и да се афирмираат младите стручни кадри. Право на учество имаат државјани на Македонија до 35 години.
Tрудовите треба да содржат осврт на македонската економија и да не надминуваат 80.000 карактери. Може да се конкурира со веќе објавени трудови, но не пред 1 јануари 2024 година. Пријавувањето се врши електронски на [email protected], со кратка биографија и назнака „За Годишната награда на Народната банка“.
Еден автор може да поднесе само еден труд, на македонски, албански или англиски јазик. Крајниот рок за доставување е 1 февруари 2026 година. Првонаградената работа ќе добие 130.000 денари, а второрангираната 65.000 денари.
T.Д.
