Вести Македонија

Уставната судијка Кацарска во „Директно“: Предметите по азбучен ред ги дели секретарот на судот на судија известител и на советник

Во емисијата „Директно“ на Телма по однос на обвинувањата од страна на Власта дека Добрила Кацарска во случајот „пензии“ предничела во отворањето на постапката и тоа дали се водела од правни или од политички мотиви, уставната судијка одбјасни како се врши распределба на предметите во овој суд.

  • Предметите во Уставниот суд се делат на тој начин што по азбучен ред секретарот на судот ги дели тие предмети на судија известител и на советник којшто работи со судијата. Значи тоа е надлежност на секретарот на судот. Кај мене беше паднат предметот за она линеарно покачување на пензиите од 2.500 денари два пати. Со оглед на тоа што рефератот беше изготвен пред неколку месеци, а на дневен ред беше ставен на крајот на месец октомври, предлогот во рефератот беше за поведување на постапка, но со оглед дека се работи за закон од темпорален карактер и повеќе не беше дел од правниот поредок, заради тоа на самата седница предложив да се отфрлат иницијативите за тоа линеарно зголемување. Значи мојот предлог беше да се отфрлат иницијативите, точно е дека имаше предлози од некои судии, ние да поведеме постапка и при тоа да се поништи тој закон, рече Кацарска.

Таа потенцираше дека во никој случај нема да поддржи таков предлог, дури и да биде надгласана, вели „нема шанса да гласам за поништување на тој закон, тој е од темпорален карактер и повеќе не е во правниот поредок“.

На прашаето што е разликата од тој закон до оваа постапка за која што е прифатина дека треба да се постапува, Кацарска рече дека во првиот предлог нагласила дека предлогот беше за поведување на постапка затоа што сметам дека тој закон е спротивен на Уставот.

  • Со оглед на тоа што во судот се пристигнати 17 нови иницијативи кои што се однесуваат на ова ново линеарно покачување од двапати по 1.000 денари, предмет којшто се работи во судот и којшто би требал да биде на седница за месец или два, мојот предлог како судија известител истовремено беше да постапуваме истовремено и за тие 17 иницијативи тоа е нешто што нашиот акт го дозволува, вели уставната судијка.

Таа рече дека и се чини дека одлуката била донесена едногласно или можеби еден судија гласал против одлучување за новите линеарно зголемувања од два пати по 1.000 денари.

  • Чинам дека седум гласаа „за“ тој предлог. Се работи за веќе доставени иницијативи во судот. Во никој случај не станува збор како што беше кажано на парламентарна говорница дека јас имам моја приватна иницијатива. И ова не е прв пат Уставниот суд да постапува на ваков начин. Донесена е одлука со мнозинство гласови за поведување на постапка. Се уште нема донесено конечна одлука, туку само за поведување на постапка. Дури и тоа решение за поведување на постапка се уште не е конечно, затоа што не е потпишано од моја страна. Решението заглави во редакционата комисија на Уставниот суд, вели Кацарска.

Таа се согласи дека тоа е од техничка природа дека ќе биде потпишано од нејзина страна и ќе биде ставено на дневен ред.

На прашањето што е разликата меѓу она линеарно зголемување од 2.500 и она од 1.000 денари и двата се од привремен карактер? Дали постои шанса да биде спречено?, Кацарска рече дека едниот е се уште е во важност.

  • Доколку донесеме одлука со којашто би го укинале тој закон, во тој случај пензионерите би добиле пропорционално зголемување на пензиите, а не линеарно зголемување од 1.000 денари, тоа е она мартовско зголемување на пензиите. Ние изразивме сомнеж дека се повредени повеќе уставно одредби со овој закон. Член 8 став 1 алинеја 3 и 6, владеење на правото, сопственоста, член 9 еднаквоста, потоа членовите 30, 34, 52 од Уставот – повредени се повеќе одредби и токму заради тоа изразивме сомнеж и поведовме постапка, децидна е Кацарска.

Но, истите тие одредби важат и за претходното линеарно покачување меѓутоа таму не гледате можност како тоа ретроактивно да се врати?

Кацарска одрекува и вели дека нејзиниот предлог бил за поведување на постапка, таа истакна дека идентичен предлог имала како и за овие 17 иницијативи.

  • Се работи за идентичен предлог. Но, тие 5.000 денари пензионерите ги земаа, законот не е во важност, чинам од месец август минатата година и затоа ние тие иницијативи ги отфрливме, а инаку мојот реферат беше така сочинет со апсолутно идентична содржина како и сега што беше, вели Кацарска.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе