Вести Македонија

Клековски: Нема доцнење на капитациите за матичните лекари ниту исплата за породилните отсуства

До септември годинава се направени околу 240 илјади тумор-маркери. Најмногу анализи се извршени за простата, црн дроб, желудник, панкреас, тироидна жлезда и дојка, додека најмалку за хронична лимфоцитна леукемија. По реакциите во јавноста дека на Клиниката за онкологија недостасуваат тумор-маркери, директорот на Фондот за здравствено осигурување уверува дека тоа не ги загрозува пациентите, бидејќи голем дел од анализите ги извршува и Клиниката за биохемија, која се наоѓа само неколку метри подалеку. Клековски посочи дека треба да има јасно насочување на пациентите кон лабораториите кои во моментот ги даваат бараните услуги, со цел да се избегне нивно непотребно лутање, како и да се рационализира употребата на тумор-маркерите.

„Треба да се рационализира за да се остави просторот за пациентите на кои тоа им е неопходно, бидејќи често ние трошиме капацитети за пациенти на кои не им е неопходно и се создаваат проблеми за овие другите. Цените за различни тумор маркери се различни. Овие околу 250 илјади чинат над два милиони евра во фактурирани услуги во фондот“, вели Сашо Клековски, директор на ФЗОМ

Претходно дел од матичните лекари реагираа дека доцни исплатата на капитацијата, која според договорот требало да биде исплатена до 30 ноември, а, како што велат, редовно доцни по пет до шест дена.Но Клековски уверува дека нема доцнење и посочи дека, согласно договорот меѓу Фондот и матичните лекари, рокот за исплата е 60 дена од прифаќањето на фактурите.„Матичните лекари треба фактурите за претходниот месец да ги достават од 1 до 10. во тековниот месец. Исплатата во ноември во износ од 493.127.241 денари е во тек и се реализира согласно роковите. Исто така, договореното зголемување на капитациите од 33 отсто се спроведува“, вели Сашо Клековски, директор на ФЗОМ

Во однос на реакциите за доцнењето на исплатите за породилните отсуства, Клековски изјави дека најголемиот дел од средствата се исплаќаат помеѓу 10-ти и 20-ти во месецот. Додаде дека најчестите проблеми со исплатата на породилните се должат на задоцнетото пријавување на родилките од страна на работодавачите, а често доцнат и државните институции.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе