Генерал-мајор Грегори Најт, командант на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, од денеска до 11 декември престојува во официјална посета на Македонија.
По пречекот со високи воени почести, тој ќе оствари средби со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, и со министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Посетата вклучува и средби со претседателката на државата и врховен командант на воените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, како и со премиерот Христијан Мицкоски.
Целта е размена на искуства и зајакнување на воената соработка меѓу двете земји.
Генерал Најт ќе ја посети и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, каде се предвидени средби со раководството на Академијата и разговори за обука и развој на кадрите во Армијата.
