Вести Македонија

Гаши: Иднината на една држава зависи од нејзината способност да изгради чисти институции

Иднината на една држава зависи од нејзината способност да изгради чисти институции, со интегритет и отчетност, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

Овој ден не е само симбол, туку и сериозен потсетник, како што истакнува Гаши, да не заборавиме дека борбата против корупцијата не се води сама по себе и не се ограничува само на закони.

-Борбата против корупцијата бара култура на интегритет, личен пример, политичка одговорност и општествена свесност. Таа се спречува и се надминува тогаш кога ја одбиваме рамнодушноста. Затоа, мисијата ни припаѓа на сите, да изградиме држава каде што правдата, транспарентноста и интегритетот не се апстрактни аспирации, туку единствениот начин на функционирање, посочува Гаши.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе