Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 7 декември 2025 година, околу 09:40 часот, во СВР Охрид била пријавена сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу улиците „7 Ноември“ и „Васил Главинов“.
Во незгодата учествувале патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од селото Лескоец, и службено возило „шкода јети“ сопственост на МВР, управувано од 26-годишниот Н.И. кој е полициски службеник.
Како последица на судирот, со телесни повреди се здобила возачката на „пежото“, а повредите ѝ биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид, кои работат на утврдување на причините за несреќата.
Т.Д.
