Вести Македонија Најважни

СДСМ: Томовски, преку семејната фирма, со државни пари ја финансирал ВМРО-ДПМНЕ

Откако опозициската СДСМ го обвини директорот на СОЗР, Ивица Томовски, дека тој стои зад семејна фирма „Сити Аутсорсинг“ која добила 161 тендер од државни институции и општини водени од ВМРО ДПМНЕ, во вредност од 5,3 милиони евра, денеска обвини дека преку семејната фирма на Томовски, преку тендери, се извлекувале државни пари од кои дел завршувале во ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ објавија список на донатори на ВМРО-ДПМНЕ, на кои се наоѓаат имињата на Томовски и на неговиот близок роднина, Кутаноски.

„Томовски е донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Еден од оние кои најмногу сакаат да се истакнат со големи суми. Само во 2021 година донирал 8.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ. 499.700 денари, 100.000 денари, 70.000 денари, 100.000 денари, редовно Томовски уплаќа на сметката на ВМРО-ДПМНЕ. И не само Томовски. И неговиот зет, Кутановски е донарот на ВМРО-ДПМНЕ исто така. Семејна фирма, семејни донации. Се е јасно. Вака парите завршуваат во белата палата“, изјави Богданка Кузевска, портпаролка на СДСМ.

Од опозицијата ги повикаа Антикорупциска и Јавното обвинителство да покренат истрага за конфликт на интерес и за корупција во врвот на владата.

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ новото обвинување на СДСМ го нарекоа политичка конструкција.

„Прашање на елементарна логика е фактот дека Томовски нема надлежност, нема учество во постапки за јавни набавки и нема ниту една службена одлука што може да се поврзе со тендери. Тоа е јасно утврлива и проверлива фактичка состојба. Кога нема факт, СДС се обидува да создаде лажен скандал со интерпретации и класични дезинформации. Таа стратегија можеби имала некаков полуефект во минатото, но денес граѓаните очекуваат аргументи, а не инсинуации“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Социјалдемократскиот сојуз во саботата почна со објавување на т.н. „бомби“ односно случаи за наводни криминални и корупциски скандали поврзани со власта.

Првата објавен случај е за семејната фрима на директорот на СОЗР, Томовски, „Сити Логистик“ чиј сопственик во моментот на основање е Витомир Томовски, татко на Ивица Томовски, која потоа го менува името во „Сити Аутсорсинг“, но со иста адреса и матичен број на субјект, на која управител е негов близок роднина, Слободан Кутаноски, за вчера опозицијата да објави и дека контакт телефонот наведен на страната на фирмата е на диекторот на СОЗР.

Од СДСМ тврдат дека со доаѓањето на ВМРО ДПМНЕ на власт семејната фирма на Томовски ја зголемила својата деловна дејност за 306 проценти и тоа само во 2024 година, додека  во 2025 година фирмата добила 10 тендери од речиси половина милион евра.

Томовски, вчера на „Фејсбук“ напиша дека тој не е сопственикна фирмата и оти нема никаква директна врска со споменатата компанија и најави тужба против СДСМ.

Tамара Грнчароска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција активира план за вонредни ситуации поради ектремните температури

Sasko Dimovski

Забрана да контактираат меѓу себе и со жртвата – Обвинителството бара мерки за малолетниците кои извршија грубо насилство врз девојче и го снимаа

Дејан Дејан

Патник од Србија за малку ќе излеташе низ прозорецот среде лет со авион на Рајанер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе