Uncategorized Вести Топ вести

ИАЕА со предупредување: Штитот над Чернобил е оштетен, повеќе не може да ја задржи радијацијата

Заштитната обвивка над уништениот нуклеарен реактор во Чернобил, која беше оштетена по напад со дрон во февруари, повеќе не може да ја врши својата клучна функција да ја задржува радијацијата, предупреди Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).

Станува збор за челична конструкција позната како „Нова сигурна заштитна обвивка“ која беше макотрпно градена покрај уништениот реактор и во 2019 годиан поставена на шини над него во рамки на иницијативата штоја предводеше Европа.

Нападот проби дупка во штитот вреден 1,5 милијарди евра, чија цел беше да овозможи конечно чистење на локацијата на нуклеарната катастрофа од 1986 година, пишува „Гардијан“. Украина за нападот ја обвини Русија, Москва негираше дека ја гаѓала постројката.

По инспекциите во текот на минатиот месец, главниот директор на ИАЕА Рафаел Гроси изјави оти мисијата утврдила дека заштитната структура ги загубила своите примарни функции, вклучително и способноста за задржување, но исто така утврди дека нема трајни оштетувања на нејзините носечки конструкции или системните за надзор.

Гроси истакна дека некои поправки се веќе извршени, „но сеопфатната обнова останува клучна за спречување на натамошна деградација и обезбедување на долгорочна нуклеарна безбедност“.

Нуклеарната електрана и околното подрачје се под контрола на Русија уште во првите месеци од инвазијата на Украина, во февруари во 2022 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе