Вести Најважни Свет

(PDF документ) Европа е на пат на исчезнување, го блокира мирот во Украина – САД со нова Стратегија за национална безбедност

Соединетите Американски Држави со нова Стратегија со која драматично се менува односот кон Европа и повикува на јакнење на актуелните политики на Еврппската Унија, пренесува „Фајненшл тајмс“. Во неа се тврди дека Европа се наоѓа на пат на „цивилизациско исчезнување“ поради високиот број на миграции и ниската стапка на наталитет. Притоа го обвинува европските влади дека ја поткопуваат демократијата.

Документот ги прозива европските челници дека „ги блокираат американски напори“ за крај на војната во Украина и го игнорираат, како што се тврди, „големото европско мнозинство кое сака мир“. Во него се наведува дека „брз прекин на непријателствата е клучен, со цел да се стабилизираат европските економии, да се спречи ескалација и ширење на војната и повторно да се воспостави стратешка стабилност со Русија.

Стратегијата е објавена денеска, паралелно со напорите на претседателот на САД, Доналд Трамп да го протурка мировниот договор за Украина за кој Киев и европските престолнини сметаат дека оди во корист на Москва и рускиот претседател Владимир Путин.

„Фајненшл тајмс“ пишува дека документот предизвикал нервоза кај европските лидери поради загриженоста дека Вашингтон е подготвен да го принуди Киев да направи отстапки на долгогодишните црвени линии. Стратегијата на 33 страници ја потврдува радикалната промена на американската надворешна политика под водство на Трамп и доминацијата на САД над западната хемисфера ја става во ажурирана верзија во доктрината на Монро како главна цел.

„Деновите во кои САД го носеа целиот светски поредок како Атлас се завршени“, стои во документот.

Стратегијата го нагласува се подлабокиот идеолошки јаз меѓу Вашингтон и традиционалните европски сојузници и ја опишува Европа како континент во кој „економскиот пад го засенува уште посериозна закана – цивилизациско исчезнување“.

Соединетите Американски Држави, пишува „Фајненшл тајмс“, директно ја предизвикува ЕУ на „култивирање на отпорот на сегашната европска траекторија во рамки на европските нации“. Документот го фали засиленото влијание на евроскептичните крајнодесничарски партии чие доаѓање на власт во европските земји би можело да ја доведе во прашање иднината на ЕУ.

„Американската дипломатија треба да брани вистинска демократија, слобода на изразување и несрамежливо славење на националните идентитети“, се наведува во Стратегијата.

„Соединетите Американски држави ги охрабруваат своите политички сојузници во Европа да поддржат таква преродба на духот, а растот на влијание на татковинските европски партии дава причина за оптимизам“, пишува во документот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција активира план за вонредни ситуации поради ектремните температури

Sasko Dimovski

Забрана да контактираат меѓу себе и со жртвата – Обвинителството бара мерки за малолетниците кои извршија грубо насилство врз девојче и го снимаа

Дејан Дејан

Патник од Србија за малку ќе излеташе низ прозорецот среде лет со авион на Рајанер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе