Вести Македонија

Обвинетиот поранешен инспектор го бара назад својот телефон одземен како доказ

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, поранешниот кочански градежен инспектор Огњан Георгиев (68), кој е обвинет за тешки дела против општата сигурност, побара да му биде вратен неговиот мобилен телефон, одземен како доказ во истрагата.

Георгиев пред судот нагласи дека уредот е негов единствен телефон и дека и натаму ги плаќа месечните сметки за него.

-Имам едно барање до ЈО, барам да ми се врати мојот мобилен телефон затоа што јас друг телефон немам. Мојот телефон е ’чист‘ со гаранција, немам никакви доказни материјали бидејќи сум немал никакви контакти со обвинетите, рече Георгиев.

Неговиот адвокат, Зоран Зафировски, го оспори обвинението, тврдејќи дека Обвинителството погрешно ги толкува надлежностите на градежните инспектори.

„Инспекторите немаат овластување да запечатуваат објекти, ниту да интервенираат во управувањето со урбанистички планови.

-Георгиев немал налог за вонредна контрола и никој не побарал од него да спроведе дополнителен надзор“, истакна Зафировски.

Одбраната смета дека во случајот „Пулс“ не се работело за пренамена од деловен во станбен простор, туку за пренамена „деловен во деловен“, со што инспекторот немал законска обврска да преземе мерки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе