Вести Економија Топ вести

Кочоска: Нема проблем со буџетот, не доцни повратот на ДДВ – граѓани и фирми сè уште чекаат исплата

Најодговорно тврдам дека нема никаков проблем со државниот буџет, изјави министерката за финансии, Кочоска. Дел од граѓаните се жалат дека сè уште ги немаат добиено парите од скенирање сметки, а информациите кои пристигнуваат од бизнисот се дека со месеци државата доцни со повратот на ДДВ. Во меѓувреме има ново задолжување кај домашна банка од 30 милиони евра. Сите овие работи отворија сомнежи дека нешто се случува со државната каса. Но, министерката Кочоска тврди дека заемот е планиран, а во буџетот има пари.

„Проблем во Министерство за финансии најодговорно тврдам дека нема. Еве, ако некој мисли дека има, го повикуван државниот Завод за ревизија веднаш да влезе во министерството. Веднаш. После оваа дискусија да дојдат да видат дали во системот стојат налози за кој ДДВ. Технички е проблемот. Повторувам дека нема задоцнување во повратот на ДДВ, освен таму каде што има дополнителни проверки од УЈП. Вие велите девет месеци, јас велам дека во финансии не постојат налози кои стојат девет месеци“, изјави министерката за финансии, Димитриевска Кочоска.

Гостин на министерката Кочоска беше нејзиниот колега министерот за финансии на Словачка. Тој, пак, вели дека проблемите со повратот на ДДВ за фирмите го решиле со е-фактура, нешто за што кај нас се зборува одамна.

„Во Словачка некои луѓе бараат нешто што не се остварило. Во Словачка се воведе електронски систем за обработка на даноци и електронско фактурирање и да може сето тоа да се контролира во даночна управа“, соопшти Ладислав Каменицки, министер за финансии на Словачка. 

Тие разговарале и околу даночното затајување. Во тој дел истакна дека сакале да соберат искуство од тука. Но, она што е интересно е што земјава сè уште се бори со висок процент на сива економија, а скоро имаше и податок дека таа ја чини државата околу 700 милиони евра годишно, а над 10 отсто од работниците работата на црно.

Во однос на инфлацијата и дефицитот, Словачка располага со слични бројки како Македонија. Колку новите геополитички случувања може да ги зголемат проблеми тој не прецизираше, но загрижено кажа дека Германија и Австрија се во рецесија.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се врши проценка на штетите по силниот ветар во Штип – пациентите од Ортопадија се уште се на другите одделенија

Дејан Дејан

Полемиката меѓу Муцунски и Османи околу преговарачката рамка не запира

Дејан Дејан

Шумски пожари беснеат во Франција и Шпанија, над стотици илјади луѓе се евакуирани – пожарникарите немоќни пред силата на ветрот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе