Вести Свет Топ вести

Генералното собрание на ОН усвои резолуција за враќање на киднапираните украински деца, 11 земји гласаа против

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се бара од Русија да обезбеди итно, безбедно и безусловно враќање на сите украински деца присилно преместени или депортирани за време на војната во Украина и се повикува Москва да престане со таа практика.

Резолуцијата беше усвоена од 91 земја-членка на Генералното собрание на ОН, вклучувајќи ги и САД, со 57 воздржани гласа, а Русија и 11 други земји гласаа против.

Покрај Русија, против гласаа и Белорусија, Буркина Фасо, Бурунди, Куба, ДР Конго, Еритреја, Мали, Никарагва, Нигер и Судан.

Русија повика резолуцијата, која ја составија Украина, Канада и Европската унија, да не биде усвоена.

– Секој глас за резолуцијата е поддршка за лагите, војната и конфликтите. Секој глас против е глас за мир, порача заменичката на рускиот амбасадор во ОН, Марија Заболотскаја, пред Генералното собрание пред гласањето.

Резолуциите на Генералното собрание не се обврзувачки.

Првата дама на САД, Меланија Трамп, во октомври изјави дека е во „отворена комуникација“ со рускиот претседател Владимир Путин и дека некои деца биле вратени кај нивните семејства, како и дека наскоро ќе бидат вратени и други.

Меѓународниот кривичен суд  издаде налог за апсење на Путин во март 2023 година, обвинувајќи го за воено злосторство – незаконска депортација на стотици деца од Украина, потег што Русија го отфрли како „скандалозен и неприфатлив“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Измените во КЗ го ослободија Груевски од „Талир 2“ – одбиена конфискацијата на партискиот имот

Sonja Petrusevska

Опозицијата не го прифаќа извинувањето на Мицкоски, бара санкција за Стоилковиќ

Дејан Дејан

Ревизија алармира за Комунална хигиена – граѓаните ја потврдуваат лошата состојба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе