Вести Македонија

Венко Филипче: И утре да се случат уставни измени ние не сме спремни да ги почнеме преговорите да ги отвориме поглавјата

Во изминатиот период и во претходните мандати се решиле крупни договори како што е  Преспанскиот договор, со кој Македонија влезе во НАТО и ги обезбеди границите.

„Дали се разочаравме од тоа што немаше чекор напред кон ЕУ – да. Дали сме ние поголеми предавници што ја сакаме земјата интегрирана во Европа и богата благодарение на европските фондови, наспроти ВМРО-ДПМНЕ што ја сака изолирана и сиромашна како што ја држи?“,  изјави  Филипче. 

Кога станува збор за црвените линии, или францускиот предлог Филипче рече дека таму нема никакво предавство, туку тоа е само еден инструмент.

„Во резолуцијата не стои ништо друго од сите историски елементи од 1991 па наваму, за стратешки правци, интеграција во ЕУ, декларација донесена за црвени линии на барање на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку години во Собрание, која заеднички ја изгласавме“, рече Филипче. 

Зошто ВМРО-ДПМНЕ го запира патот го потенцираше Филипче прашањето. Лидерот на СДСМ потенцираше дека документот е работна верзија која била испратена до сите партии, од кои се уште нема одговор.

„Зарем има попатриотски документ, позади кој заедно стоиме за црвените линии. Тоа им е дадено на партиите, да ги чуеме нивниот фидбек, и потоа заедно да одиме во Собранието. И утре да се случат уставни измени ние не сме спремни да ги почнеме преговорите, да ги отвориме поглавјата затоа што трите главни патокази не се донесени – за владеење на правото, акцискиот план, малцинствата, за јавната админситрација, ништо не е донесено. Тие едноставно не работат на реформите“, потенцираше Филипче. 

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе