Вести Свет Топ вести

Вучиќ: Решение за НИС мора да има за седум денови

Решение за Нафтената индустрија на Србија (НИС), за која САД поставува услов за суспензија на санкциите да не биде во мнозинска руска сопственост, мора да има во следните седум дена. Тоа денеска го нагласи српскиот претседател Александар Вучиќ кој учествуваше на отворената седница на Владата на Србија.

Според него, последната опција за НИС ќе биде национализацијата, доколку нема друго решение.

Според Вучиќ, Русите разговараат за продажба на сопственоста во НИС со азиски и европски партнери, а Србија ќе се согласи на каков било договор.

Санкциите против НИС се во сила веќе 37 дена, а никој во Србија не почувствува ништо, бидејќи се подготвивме добро. Имаме многу резерви на гориво и нема причина за паника, но не можеме да испразниме се. Моментално имаме 25.000 тони дизел во воени резерви. Ве молам бидете подготвени доколку биде потребно за цивилни потреби да се овозможи употреба на дизел, и војската да излезе во пресрет на народот, рече Вучиќ.

Tој додаде дека Владата на Србија треба да подготви ребаланс на буџетот за оваа година доколку се потребни дополнителни пари за НИС и купување гориво.

Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, го информираше Вучиќ дека парламентот ќе усвои ребаланс по итна постапка доколку е потребно.

Министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, објави дека Србија добила јасна порака од САД дека во следните три месеци руската сопственост на НИС мора трајно да се промени, додавајќи дека е подготвена да поднесе оставка бидејќи „немаме живот без рафинеријата“, а со неа се согласи и министерот за финансии Синиша Мали.

Едноставно немаме избор. Без разлика што некој мислел, зборувал за резервите… За нас, оваа ситуација со НИС загрозува се, ама баш се – нашиот раст, нашата стабилност, нашиот кредитен рејтинг“, рече Мали.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Условна казна затвор за екс претседателката на Антикорупциска Taтјана Димитровска

Tea Dimkovska

Наркодилерот Цуната кој побегна од прозор на полициска станица Кочани во бегство – директорот на БЈБ очекува професионалност

Tea Dimkovska

Работникот што загина при пад од скеле на Пречистителната станица не носел заштитно јаже

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе