Во август поминаа шесте месеци рок во кој Собранието не ги направи измените на Кривичниот законик, односно членот 353 кој ја регулира злоупoтребата на службата преку јавните набавки.
Локалните избори завршија и сега Усавниот суд треба да одлучи – поништување или укинување на измените на Законот за измени и дополнувања на Кривичниот закон, но постои и трета варијанта т.н. „мртва норма“ која ја има во актот на Уставниот суд, а тоа би значело укинување, но со одложено дејство.
Ова е дел од интервјуто на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.
