Вести Локални избори 2025 Македонија

(Видео) ДИК: Излезноста до 9 часот е 2,88 отсто – технички проблеми со уредот за биoметриска идентификација на едно избирачко место

Излезнота на вториот круг од локалните избори до 9 часот е 2,88 отсто, а гласале 22.379 граѓани, соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко.

На ниво на Град Скопје одѕивот за избр на градоначалник е 2,46 отсто и дека гласањето се одвива непрекинато и во најдобар ред.

  • „Гласачките места се навреме и уредно отворени, гласањето тече во најдобар ред. Постапката се одвива уредно, немаме никаков проблем досега со изборниот материјал ниту со постапувањето на избирачките одбори” , рече Кондарко на прес-конференција.

Од ДИК додаваат дека единствено во Дојран на избирачкото место 0385 поради технички проблеми со смарт картица на уред за биометриска идентификација имало мал застој, но проблемот е решен и гласањето тече непрекинато.

Кондарко најави дека во текот на денешниот ден ДИК ќе посети определени избирачки места и општински изборни комисии по сопствена проценка и без претходна најава со цел да го набљудува текот на изборите. И по 19 часот тимови на ДИК ненајавено ќе бидат на определени места каде ќе го набљудуваат и броењето на  галсовите, со цел поголема транспарентност и увид во работата.

Останува препораката на ДИК дека на процесот на броење може да биде присутен целокупниот состав на избирачкиот одбор.

  • „ДИК и во текот на денов е во постојана комуникација со Комисијата за следење на изборниот процес од Јавното обвиителство од превентивни причини ако  има каква било потреба уште во текот на гласањето или броењето ќе го известуваат. ДИК ќе го достави и доверливиот изборен материјал доколку се јави потреба”, додаваат од Државната изборна комисија

Во вториот круг на локалните избори денеска се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје на 1.771 избирачки места. До 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.013 375 гласачи, меѓу кои и 474.304 избирачи во Градот Скопје.

Следната прес-конференија на ДИК е во 11:30 часот. Првичните неофицијални резултати ќе бидат објавени по 20 часот, а ококу 23 часот ќе се одржи прес-конференција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе