Само едно гласачко место не било отворено навреме во седум часот тоа се случило во прилепско село, инфомираат утринава од МВР. Гласањето е почнато на сите избирачки места на територија на Македонија. Има мирна, фер и демократска изборна атмосфера. Во текот на денешниот ден на терен се атктивирани над 90 проценти од капацитетот на МВР. Досега не се евидентирани проблеми. Во текот на вчерашниот ден имало 4 констатирани настани каде имало потенцијално нарушување на изборниот молк, незаконити постапки од граѓани. Од МВР велат од кога ќе се изврши истрага јавноста ќе биде информирана.
