По околу 15 проценти од пребројаните гласови за град Скопје, убедлива предност има Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 41,48% од досега пребројаните гласови односно 13.390. На второ и трето место, во моментот се кандидатите на ВРЕДИ Башким Бакиу (13,57%) и на НАИ/ДУИ Скендер Реџепи (11,99%).
Сепак, според прогнозите многу посериозни кандидати за второ место во првиот круг и евентуално учество во прегласувањето за две недели, се Амар Мециновиќ од Левица (11,58%) и Каја Шукова од СДСМ (10,23%).
На 6-та позиција е независниот Горан Марковски со 2,10%.
Станува збор за податоци на ДИК согласно пребројани 32.279 гласови за градоначалник на град Скопје.
