Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска на новинарско прашање оцени дека и на овие избори се зборува за профилот на личноста, а не за активностите и решенијата, укажувајќи дека културата во говорот е најважната работа особено кога се во прашање лидерите.
- Ова е многу тешко прашање, бидејќи јас како што гледате, се обидувам од страна да ги гледам работите бидејќи сум претседателка на сите граѓани и не сакам да имам политичко влијание, но мислам веќе кажав еве ќе повторам. Прво, во прашање се локални избори. Локалните избори треба да водат кон избор на вистински личности спремни да ги решаваат локалните проблеми. Многу тешко ми е искрено да направам разлика за какви избори навистина се работи. Второ, не сакам да поверувам дека Државната изборна комисија со целиот систем на општински изборни комиси, Градска изборна комисија, избирачки одбори, после 30 години нема капацитет да спроведе фер и демокатски избори или добро да ги спроведе изборите. Очекувам изборите да поминат во мирна атмосфера која ќе им овозможи на граѓаните да се определат така како што сакаат – изјави Силјановска Давкова.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
