Вести Македонија Топ вести

Криумчареле мобилни телефони „Ајфон“ од Бугарија- Царината ги открила на преминот Ново Село

Поднесена кривична пријава до две лица за сторено кривично дело „криумчарење“ мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 355 илјади денари.

Делото е откриено на влез на граничен премин Ново Село, кога при извршен детален преглед на возилото со кое патувале осомничените, во багажниот простор се откриени вкупно пет нови „iPhone 16“, од кои три „iPhone 16 Pro Max“, како и еден употребуван „iPhone 16 Pro Max“.

  • Случајот е предаден во Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, од каде се преземени предистражни дејствија. Во постапката е утврдено дека првоосомничениот, по договор со второосомничениот, во негово име ги презел мобилните телефони кои претходно биле порачани преку интернет од лице во Бугарија, за кои биле платени пет илјади евра во криптовалута, соопштуваат од Царинската управа.

По преземањето, телефоните биле скриени во багажниот простор со цел да се избегне царинската контрола и плаќање давачки кон државата во износ од 64 илјади денари.

Телефоните се запленети, а против сторителите е поднесена кривична пријава до Основно Јавно Обвинителство Струмица.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Братучед полицаец не ѝ помогнал, сведочеше жртва од пожарот во „Пулс“

Sasko Dimovski

Стeвчо Јакимовски се пријави во затворот во Шутка, потврдија од скопскиот затвор за Телма

Дејан Дејан

Мицкоски за Талир 2: Правдата е задоволена за ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе