Вести Македонија Најважни

Сообраќајна блокада во Скопје од 15 до 18 часот -најавени протести од „Стоп за Вардариште“

Денеска, граѓани на Аеродром ќе протестираат против Вардариште со променета саатница. Односно, како што велат од иницијативата „Стоп за Вардариште“, поради игнорантскиот однос од инситуциите, протестите се интензивираат и протестите денеска ќе стартуваат од 15 до 18 часот, време кога жителите на Скопје се враќаат од работа!

Речиси еден месец дел од жителите на Аеродром, Ново Лисиче,  жители од Маџари, ја блокираат крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“, меѓу двете општини Аеродром и Гази Баба, кои најмногу страдаат од чадот од Вардариште.

 

 

Од иницијативата, бараат:

 

 

• Воспоставување 24-часовен јавно достапен видео-надзор на депонијата Вардариште.

 

• Воспоставување 24-часовно физичко обезбедување на Вардариште.
• Итно иселување и соодветно згрижување на лицата кои живеат бесправно на територијата на Вардариште.
• Поставување на ограда околу Вардариште.
• Започнување на процес за конечно затворање на Вардариште.
• Откривање и казнување на потпалувачите и организаторите на пожарите.
• Ригорозни мерки против граѓани и правни субјекти кои ќе продолжат да фрлаат отпад во Вардариште.

Барањата беа доставени до претседателката на Македонија, Владата на Македонија, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за внатрешни работи, Министерство за социјални политики, демографија и млади, Град Скопје, Општина Гази Баба и Општина Аеродром. До сега, не добиле одговор од ниту една институција.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Трифун Костовски: Сивата еминенција и центри на моќ сакаат да ме уништат

Tea Dimkovska

Дали треба да се случи убиство? – Меланија од Куманово бара заштита од семејно насилство

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе