Штипјанец гони полицајци дека неоправдано го претепале при рутинска контрола на возилото, и по две години од кривичната нема напредок во надлежното обвинителство.
Повредите залечени, правдата никако да започне. Муамед Реџеповски тврдењата дека добил ќотек од полицајци при рутинска контрола на возилото на обвинтиелстовто ги потврдил со лекарска потврда од болнциата и соодветна кривична пријава. Но, и по 2 години од инциднетот и пријавата, обвинтиелстовт о со кус одговор за Телма дека ќе провери до каде е предметот.
Педесет и едно годишниот Муамед Реџеповски од Штип тврди дека на 13 јуни 2023 година при контрола на неговото нерегистрирано возило на улицата во близина кај супермаркетот „Туш“ бил тепан од полициски службеници. Реџеповски вели дека при контролата не давал отпор.
Два дена бил хоспитализиран во штипската Клиничка болница со повеќе телесни и тешки повреди, а какошто вели неговиот адвокат Емил Недков по што бил пуштен на домашно лекување.
Пред две години поднесена е кривична пријава за малтретирање во вршење на служба против НН лица, униформирани полициски службеници во СВР Штип. Во ова обвинителство имале распит, а ветувањето од страна на обвинителството било дека ќе ги повикаат Недков и Реџеповски за да се изврши препознавање на полициските службеници.
Недков вели дека едниот одговор што Народниот правобранител го добил е дека во тој период ОЈО ГОК биле на одмор, а вториот одговор е дека не знаеле до каде е со предметот, за што дополнително ќе бидат известени.
Телма се обрати до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција –Скопје од каде што усно не информираа дека се истражува што се случило со овој предмет, за што дополнително и писмено ќе бидеме информирани.
Викторија Димитрова Јованова
