Ексдиректорот на истражниот затвор Шутка на денешното судење кажа се чувствува невин. Обвинителството тврди дека тој како директор и шестмина чувари спротивно на процедурите спроведувале затвореници до нивните домови, Филип Андов вели постапувал законски.
Ексдиректорот на затворот во Шутка Филип Андов Сокол и уште шетстмина затворски полицајци рекоа дека не се чувствуваат виновни. Вака се произнесоа по воведниот говор на обвинителката која ексдиректорот и дел од полицајците ги гони за злоупотреба на службената положба, а дел само за несовесно работење во службата.
Петмина осуденици во девет наврати биле спроведени до нивните домови рече обвинителката според која за посети надвор од затворот постојат посебни постапки коишто се утврдуваат преку комисија за погодности што не било испочитувано во конкретниот случај.
Андов вели постапувал законски, обвинителството ги измешало процедурите за осуденици со протоколот за спровод на притвореници а безбедноста на затворот Скопје не била доведена во ризик. За еден обвинет постапката беше раздвоена поради здравствени причини. Судењето продолѓува за две недели.
Елена Ивановска Мукоска
