Вести Македонија Најважни

Уште десет сомнителни „кардиолошки случаи“ пријавени во ФЗО, досега вкупно 23

Уште десет „кардиолошки случаи“ стигнале во Фондот за здравствено осигурување од индивидуи и организации за сомнителни операции, а оттаму велат ќе ги достават до Министерството за здравство.

Претходно, до нив стигнаа и пет предмети кои сега ги разгледува домашната комисија. Според извори на Телма нови десетина случаи ќе достави и приватна болница за сомнителни операции кои биле вршени во државно здравство.

Ресорното министерството, пред две недели, побара од Лекарската комора да изврши надзор во 11 јавни и приватни здравствени установи во кои се извршувале кардиолошки, кардиохируршки и кардиоваскуларни интервенции.

Надзорот, како што појаснуваат од Комората, треба да опфати период од три години, и да се изведе по принцип на случаен избор на медицински истории. Но, поради обемноста, велат побарале од здравство изборот да се направи преку електронскиот систем „Мој термин“, како најбрз начин за селекција, со цел побрзо да почне надзорот.

  • Согласно барањето на Министерството за здравство треба да се направат вкупно 165 надзори. Почната е постапка за селекција во директна комуникација со болниците. Откако ќе бидат селектирани случаите, од здравствените установи ќе бидат побарани медицинските истории за секој случај што е предмет на надзор, по што истите ќе бидат разгледани. Но, со оглед на обемноста на надзорот, ќе треба и соодветно време за да може да биде завршен, соопштуваат од Лекарската комора.

Пред еден месец, државната кардиохирургија ги достави првите осум случаи до домашната комисија. Директорот Димитриевски кажа дека станува збор за пациенти кај кои е направена коронарографија и каде се гледале неправилности.

Случајот за непотребни операции на срце го отвори кардиологот Сашко Кедев. По обвинувањата дека приватни болници непотребно оперирале само за профит, министерот за здравство формираше две комисии, домашна и странска, кои треба да ги разгледаат сомнежите.

Експерти од Словенија, Италија и Австрија ќе треба да кажат дали сомнежите се оправдани и дали навистина имало непотребни операции на срце за да се извлечат фондовски пари. Сепак, најавено е дека странската комисија ќе почне со работа по изборите.

Симона Петровска

Дигитална обработка: Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ со порака до опозицијата: Договорете се што сакате од Изборниот законик, ние ќе прифатиме сè, само дијаспората да може да гласа електронски или по пошта

Sasko Dimovski

СДСМ: Лекот Фостер поскапе, бесплатниот го нема во аптеките, власта ги изигра пациентите со астма и ХОББ

Sasko Dimovski

Заврши и третиот повик за нови автобуси, детали за понудувачите засега нема

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе